Облакот од чад од Сибир ќе стигне до Гренланд
Foto

Облакот од чад од Сибир ќе стигне до Гренланд

Научниците велат дека облакот од чад од пожарите во Сибир е поголем од големината на Европската Унија. Во пожарите уништени се преку 4,3 милиони хектари шума.

Пожарите создаваат огромни количини на јаглерод диоксид кои се испуштаат во атмосферата, зголемувајќи ја температурата на воздухот и сушејќи ја земјата со што уште повеќе се влошува ситуацијата.

Научниците од НАСА велат дека саѓите веќе ја апсорбираат сончевата светлина и ја загреваат атмосферата. Експертите од светската метеоролошка организација велат дека облакот сега е со големина од дури 5 милиони квадратни километри и наскоро би можел да се протега дури и до Гренланд.

0 Коментари

Остави коментари