Облачно со сончеви периоди, попладне дожд и ветер
Foto

Облачно со сончеви периоди, попладне дожд и ветер

Денеска во земјава ќе преовладува облачно време со сончеви периоди. Попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер, грмежи, а локално ќе има и невреме.

Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната во интервал помеѓу 23 и 30 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината слично време со температура од 17 до 26 степени.

Променливото време ќе се задржи се до недела, веќе од понеделник се очекува стабилизирање со пораст на дневните температури.

0 Коментари

Остави коментари