Облачно со сончеви периоди и услови за слаб дожд
Foto

Облачно со сончеви периоди и услови за слаб дожд

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 11 степени, а дневната од 14 до 25 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната до 22 степени.

0 Коментари

Остави коментари