Обид за развој на планинскиот туризам на Плачковица
Foto

Обид за развој на планинскиот туризам на Плачковица

Со подобрување на патната инфрастурктура општина Радовиш планира да ги искористи потенцијалите на Плачковица и да го развива планинскиот туризам.

Со околу 16 милиони денари средства обезбедени од АФПРЗ се асфалтира патен правец до месноста Добра каде според проекциите на општината ќе биде кампинг простор со можност и за изградба на викендици. 

Паралелно во тек се работите и за изградба на патот од 9,1 километар од радовишката страна на Плачковица до одмаралиштето во Карбинци  штипско  од другата страна на планината со што ќе се поврзат со инфрастурктура овие две локални самоуправи кои заеднички ке работата на искористување на потенцијалите.

Инаку на Плачковица веќе имат стотина викенд кукикички. Таму се подигнати и хотелско сместувачки капацитети а се организираат голем број на спротски манифестации пред се заради одличната конфигурација на теренот за планински велосипедизам.

0 Коментари

Остави коментари