НВО: Државата и општините не се подготвени да ги менаџираат средствата од ЕУ фондовите
Foto

НВО: Државата и општините не се подготвени да ги менаџираат средствата од ЕУ фондовите

Државата и општините не се подготвени да ги менаџираат средствата од ЕУ фондовите, што би се отвориле кога земјава ќе ги почне преговорите и ќе влезе во Унијата. Од граѓанскиот сектор сметаат дека се доцни со зајакнување на капацитетите, па македонските тешко ќе може да добијат пари од овие фондови во конкуренција со веќе искусните општини од Европската унија. 

Предлог од граѓанскиот сектор е помалите невладини организации да се здружат, а општините да формираат посебни одделенија за работа на ЕУ проекти. 

Сите чекаат датум за старт на преговорите и влез, но никој не се подготвува за управување со фондовите на ЕУ. Граѓанските организации велат за менаџирање со овие средства не се подготвени ни тие ни општините. Кај првите најголем проблем e вмрежувањето и недостатокот од капацитет, кај другите и институционалната меморија и мотивацијата. 

Дека општините не се доволно подготвени за менацирање со големи проекти се сложуваат и од Центарот за развој на источниот регион. И од таму сметаат дека треба да се почне со обуки и зајакнување на капацитетите

Градоначалниците тврдат дека поголемите општини може да излезат на крај со ЕУ фондовите. Проблем, според нив се помалите, рурални општини. 

Дополнителен проблем сметаат од граѓанскиот сектор е што ниту државните институции не се подготвени за овој процес, што го покажа негативното искуство со менаџирањето на Фондот за социјална инклузија. 

Едно од решенијата, велат од граѓанскиот сектор е општините по теркот на Струмица да формираат посебни одделенија или сектори каде ќе бидат вработени професионалци чија единствена грижа ќе бидат ЕУ проектите, Во спротивно македонските, тешко ќе може да победат во трката за пари од овие фондови во конкуренција со поискусните општини од Европската унија. 

 

0 Коментари

Остави коментари