Новороденче штотуку родено оставено на улица во Топанско поле
Foto

Новороденче штотуку родено оставено на улица во Топанско поле

Страшна глетка вчера околу пладне била забележана во скопската населба Топанско поле. Случаен минувач пронашол бебе - новороденче кое било сосема голо оставено во трева во паркче од населбата по што случајот веднаш го пријавил во полиција. Бебето со возило на брза помош било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Информациите се дека бебето било штотуку породено, затоа што било крваво, а во негова близина била пронајдена и фрлена папочната врвка.

Од Клиниката информираат дека бебето е во добра општа состојба.

0 Коментари

Остави коментари