НОВОРОДЕНЧЕ ОСТАВЕНО НА ПАТ
Foto

НОВОРОДЕНЧЕ ОСТАВЕНО НА ПАТ

Тукушто родено и голо, било пронајдено новороденче во Топанско поле. Случаен минувач вчера околу 11 часот попладне го слушнал плачот на бебето, кое било оставено во тревник на булеварот Македонско косовска бригада, по што повикал брза помош и полиција. Екипите на брзата помош стигнале први на лице место.

- „Веднаш нашите екипи се тргнати на терен и веќе во 11.55 се пристигнати на лице место. Во меѓувреме веќе дошла и полицијата на местото каде што се наоѓало бебето. Бебето било со добри витални параметри и свесно. Од наша страна е згрижено, односно затоплено, бидејќи било голо и е пренесено до клиниката за педијатрија“. - изјави – Д-р Милица Бубало – Раководителка на Служба за Итна медицинска помош.

Новороденчето во моментов се наоѓа на клиниката за дестки болести и е во добра здравствена состојба.

- „Се работи за машко новородено, со родилна тежина 2400 гр , згрижено е на одделот за неонатологија, неговата здравствена состојба е добра, превземени се сите неопходни мерки во вакви случаеви.“ - велат од Универзитетска клиника за детски болести Скопје.

Бидејќи бебето било родено вчера, социјалните работници чекаат да добијат информации од клиниката кога можат тие да го преземат, по што ќе му извадат извод од матична книга на родените и по службена должност детето ќе добие старател.

- „Какви постапки понатаму ќе се преземаат зависи од тоа дали МВР ќе успее да отркие кој е родител на детето, а доколку тоа не се случи Центарот за социјална работа согласно законот ќе се грижи за детето и што е најдобар интерес за детето такви одлуки ќе донесе согласно законот“ - изјави Наташа Станојевиќ – Центар за социјални работи.

Идентитетот на мајката на бебето се уште е непознат.

Од полицијата велат дека работат на откривање на идентитетот на мајката но и на околностите во кои бебето било оставено во тревникот веднаш по раѓањето.

0 Коментари

Остави коментари