Ново Село со европски пари набавува мобилна амбуланта за давање здравствени услуги во одалечени места
Foto

Ново Село со европски пари набавува мобилна амбуланта за давање здравствени услуги во одалечени места

Општина Ново Село и грчката Ираклеа заедно со граѓански организации од двете државија отпочнаа имплементацијата на проектот „Мрежа за примарна задравствена заштита“ со кој ова гранична рурална општина ке набави мобилан амбуланта која ќе нуди здравствени услуги на лица во места кои се далеку од здравствени установи.

Станува збор за прекуграничен проект кој за македонските партнери општина Ново Село и граѓанското здружение Феникс се предвидени 430 илјади евра.

До крајот на годинава се очекува да биде набавено специјалното возило со опрема кое треба да нуди примарни здравствени услуги на околу 11 илјади жители од општина Ново Село посебно во оддалечените ридско планински населени места.

Возилото спроед планот ќе го добие општината која по завршување на проектот треба да го предаде на задравствени организации.

Општина Ново Село се наоѓа на тромеѓето со Бугарија и Грција . Составена е со населени места каде претежно живеат возрасни лица и немаат можности за контуинирана примарна здравствена заштита

0 Коментари

Остави коментари