Ново одложување во Ф1: Нема да се вози ниту во Азербејџан на 7 јуни
Foto

Ново одложување во Ф1: Нема да се вози ниту во Азербејџан на 7 јуни

Се очекуваше јуни да биде новиот почеток на сезоната во Формула 1, но и таа надеж почна да се троши, откако организаторите на големата награда на Азербејџан денеска објавија дека ја одложуваат трката. 

„Решивме да го одложиме Ф1 гран-прито на Азербејцан, кое требаше да се вози од 5 до 7 јуни. Одложувањето беше договорено по исцрпна дискусија со Формула 1 и со ФИА, како и со владата на Република Азербејџан. Ова е директен резултат на глобалната пандемија на Ковид-19 и е одлука базирана целосно на експертски мислења. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата со опција да соопштиме нов датум за трката подоцна во 2020 година“, пишува во дел од соопштението.

Уличната „бркотница“ низ Баку е веќе седмата трка која е одложена или откажана од календарот за 2020 по Австралија, Бахреин, Виетнам, Кина, Холандија, Шпанија и Монако.

Само две од овие трки со сигурност кажаа дека нема да бараат нов датум во 2020, што значи се со статус откажани, додека останатите уште се водат како одложени.

Сепак, како поминува времето, надежта дека 2020 ќе ги собере сите преостанати 20 трки сè повеќе избледнува.

0 Коментари

Остави коментари