Новиот состав на КЗК се уште без одлука за монополското однесувње на Телеком
Foto

Новиот состав на КЗК се уште без одлука за монополското однесувње на Телеком

Најголем дел од фудбалските фанови во земјава сеуште се обесправени - не можат да гледаат престижни натпревари од Лига на шампиони и Лига Европа. Антимонополската Управа сеуште разгледува дали Телеком и натаму се однесува монополски и треба ли да им овозможи на сите заинтересирани оператори да ги пренесуваат овие натпревари. 

По смените на челните луѓе на КЗК, од минатиот месец предметот Телеком го чешла новото раководство на чело со Владимир Наумовски. Се чека како ќе заврши барањето од кабелските оператори да се изрече времена мерка за Телеком забрана да ги емитува Арена спорт каналите дури не им овоможи реемитување и на другите оператори. Кабелските бараат од КЗК поведување на управна и прекршочна постапка - итно поништување на договорот меѓу Телеком и српски ХД - Вин, забрана за вршење дејност за Телеком од 30 дена и глоба од 10 отсто од вкупниот годишен приход лани. Иако претходното раководство почна да собира докази, одлука сеуште нема. 

„Штом ги собереме сите информации и ги сослушаме сите засегнати страни ќе донесеме соодветна одлука“ - велат за ТВ 24 од Комисијата за заштита на конкуренцијата, без да прецизираат кога може да се очекува одлуката.“ - велат од КЗК. 

И покрај одлуката на Антимонополската управа од мај годинава дека ексклузивниот договор меѓу Телеком и ХД - ВИН е незаконски за периодот 2015-18 година, и казните од речиси 40.000 евра за Телеком и 25.000 евра за ХД ВИН, сега се испитува и новиот договор за сезоната 2018/2019. 

Кабелските за проблемот ги информираа и премиерот Заев, Мисијата на Обсе и канцеларијата на Европската унија во земјава. Велат ексклузивитетот е збаранет и со законите на ЕУ, а премиерот го потсетуваат дека државата има удел во Телеком и може да го спречи ваквото однесување на компанијата на штета на граѓаните и на другите оператори. Од Владата велат дека немаат оперативни надлежности врз работењето на Телеком, и за одговори не препратија до Комисијата за заштита на конкуренцијата. А ако продолжи одолговлекувањето со одлуката може да се случи Лигата на шампиони да заврши со оглед на тоа што финалето е на пролет. 

0 Коментари

Остави коментари