Новиот позитивен на ковид-19 во кавадарци, син на претходно заболен
Foto

Новиот позитивен на ковид-19 во кавадарци, син на претходно заболен

Новиот позитивен на ковид-19 во кавадарци, на возраст од 57 години, е син на претходно заболен 80-годишен кавадарчанец.

Од кавадаречкиот центар за јавно здравје, потврдија дека новозаболеното лице претходно било во изолација, заради потврдениот случај на коронавирус во семејството. Има лесна клиничка слика и е на домашно лекување. Се работи на утврдување на неговите контакти, со цел нивна изолација.

И двајца работници во фабриката дрекслмаер се позитивни на коронавирусот. Од фабриката информираат дека случаите не се меѓусебно поврзани, но и дека за нив врвен приоритет е безбедноста на вработените.

0 Коментари

Остави коментари