Новиот филм на сестрите Митевски во официјална конкуренција на Берлинале
Foto

Новиот филм на сестрите Митевски во официјална конкуренција на Берлинале

По долгогодишна апстиненција и невидливост на домашната кинематографија со филмот Господ постои името и е Петрунија во режија на Теона Стругар Митевска за прв пат Македонија учествува во официјалната натрпеварувачка програма на реномирениот Берлински филмски фестивал. Ова е прво учество на Македонија да биде во главна конкуренција на еден од трите најголеми фестивали во светот Кан, Берлин или Венеција, по повеќе од дваесет години. Чекањето за влез на големите порти , по успехот на вонсерисиот Пред дождот конечно е завршено, истакна директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, кој посочи дека агенцијата работи со преполовен буџет, но го прпознава вистинскиот квалитет.

„Со нашиот интензивен фокус на силни критериуми за поддршка во краток период дочекавме македонски филм да се одмери со најдобрите во светот.“ - вели Горјан Тозија, директор на Агенциата за филм на Македонија.

Продуцентот на филмот Лабина Митевска вели дека успехот следува после многу труд и работа, но и дека фактот што доаѓаме од регион каде што кинематографијата не наидува на меѓународен прием и радува - и растажува.

„Овие 25 години имавме добри дела и имавме присутност, но не на ова ниво. Имаме фантастични приказни кои може да ги кажеме од Македонија, зошто сме интересни, актуелни, мали и е сосема друго од она што се очекува од Европ или Азија или Африка. таа уникатност мора повеќе да ја користиме.“ - вели Лабина Митевска, продуцент и актер.

Лабина и со порака дека политиката не смее да го замолкнува ументикот и дека на ументичкиот јазик треба да му се остви простор на слободно изразување.

„Авторите имаат право и смеат и треба гласно да критикуваат и зборуваат и да ги покажуваат сите дивиденции на едно општество.“ - вели Митевска.

Филмот кога „Денот немаше име“ на сестрите Митевска,од посебниот советник на претходниот минисер за култура, Златко Теодосиевски беше оценет како филм со говор на омараза против Албанците. Министервтото гогаш се огради и посочи дека тоа било негов личен став. И филмот Ругање со Христос на режисерот Јани Бојаџи наиде на остри рекации од власта и филмските работници.

0 Коментари

Остави коментари