Новинарка на Канал 5 со повреда на вратот: Бев брутално турната од обезбедувањето на манифестацијата „Водици“
Foto

Новинарка на Канал 5 со повреда на вратот: Бев брутално турната од обезбедувањето на манифестацијата „Водици“

Новинарката на Канал 5 телевизија, Мирјана Мирчевска Јовановиќ заврши со повреди на вратот и раката, откако како што изјави за ТВ 24, на централната манифестација „Водици“ во Скопје, била брутално избуткана, навредувана и влечена од обезбедувањето, ангажирано од МПЦ да ја обезбедува манифестацијата.

Според информациите, Агенцијата што била ангажирана е „Никоб“. Од Канал 5 телевизија најавуваат дека ќе поднесат пријава до јавното Обвинителство и полицијата.

Мирчевска Јовановиќ веќе дала изјава и во полиција. Засега ниту од МПЦ, ниту од агенцијата нема реакција.

Во текот на манифестацијата во одреден момент новинарите и снимателите биле насилно спречени да земат изјава од момчето кое го фати крстот, а притоа кон нив биле упатувани навредливи зборови и пцости.

0 Коментари

Остави коментари