Новина во ДИК за побрзи првични резултати
Foto

Новина во ДИК за побрзи првични резултати

ДИК на овие избори воведува нова постапка, покрај постојните предвидени во законот, која ќе придонесе за зголемена контрола и споредба на првичните неофицијални резултати кои комисијата ги добива по електронски пат, а ги објавува сукцесивно. Благодарение на современите технологии, граѓаните ќе ги знаат првичните неофицијални резултати многу побргу во споредба со претходните изборни циклуси.

По електронски пат, односно преку апликацијата „вибер“, ДИК ќе добива директно резултати од избирачките места најпрвин од претседателите на избирачките одбори. Подоцна, исто така по електронски пат, ќе ги добие и првичните неофицијални резултати од страна на општинските изборни комисии откако ќе се пополнат записниците од избирачките места.

0 Коментари

Остави коментари