Нови високи тонови на релација Македонија - Бугарија
Foto

Нови високи тонови на релација Македонија - Бугарија

Бугарија има проблем со краткото име Северна Македонија и инсистира на употреба на долгото име Република Северна Македонија кое е веќе зацементирано со Преспанскиот Договор. Неочекувано премиерот Заев се согласи да преговара со бугарската страна за употреба на краткото име Северна Македонија.

Ќе се отвораат ли повторно прашања кои веќе се затврени со потписот на Димитров и Коѕијас?

- Ние продолжуваме понатаму со наши идеи за прашањата на краткото , долгото име , за прашања на регулирање на малцинствата, за прашањето на омразата, за прашањето на работата на комисиите итн. За Македонци и македонскиот јазик, за идентитетските прашања, нашата национална посебност, апсолутно не разговараме. Нашите ставови се јасни, не постои европска перспектива ако бидеме обезличени, ако станеме прав. - изјави Зоран Заев премиер на РСМ.

Премиерот Заев денеска најави дека на првата Меѓувладина конференција меѓу Македонија и Бугарија, ќе се усвои Акцискиот план кој се состои само од технички аспект, додека политичкиот дел ќе се преговара по бугарските избори.

Во Бугарија пак веќе наголемо тече неофицијална изборна кампања во која политичките партии како да се натпреваруваат кој ќе испрати поостри стрели кон Македонија. Потпретседателката на Бугарија, Јотова која е дел од социјалистичката партија ја потсети македонската влада за условите од кои нема да отстапат.

Илијана Јотова потпретседателката на Бугарија - Или ќе инсистираме во преговарачката рамка за Република Северна Македонија да има последно поглавје и за време на процесот на преговори да следиме дали се почитува Договорот за добрососедство или во неа да се вметнат барањата на Бугарија за почитување на Договорот.

Бугарските барања кои го оспоруваат македонскиот идентитет се веќе јасно утврдени со Меморандумот и Декларацијата која ја изгласа бугарското собрание во октомври 2019та. Овој став го делат сите политички партии во Бугарија.

Јасно е дека Новата бугарска влада нема да донесе и нови политики во однос на ставот кон македонскиот идентитет. Позитивен исчекор за македонската Владата е поддршка од меѓународните партнери. Премиерот Заев на редовниот годишен состанок амбасадорите на земјите членки на ЕУ во земјата порача дека немаме друга алтернатива освен ЕУ, но во исто време остануваме на своите црвени линии- јазикот и идентитетот.

0 Коментари

Остави коментари