Нови ветувања од владата за поранешните вработени во Охис
Foto

Нови ветувања од владата за поранешните вработени во Охис

Поранешните вработени од хемискиот гигант Охис и денеска излегоа на протест пред Владата. Ги бараат заостанатите 24 плати и придонеси. Денеска во Владата ги примија советниците на Заев и Анѓушев. Работниците добиле уверување дека ќе им бидат разгледани барањата но не и ветување за исплата.

Поранешните вработени во Охис секој вторник и петок протестираат пред владата. Велат животот им е мизерија. Без пари тешко се опстојува.

Охисовци чекаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година. Очекуваат конечно државата да ги исплати платите бидејќи имаат доминантен општетствен капитал во фабриката.

0 Коментари

Остави коментари