Нови телефонски линии за психо-социјална поддршка на родителите и децата
Foto

Нови телефонски линии за психо-социјална поддршка на родителите и децата

Во соработка со Министерството за здравство и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија, УНИЦЕФ денеска отвори две нови телефонски линии за поддршка на менталното здравје и психо-социјална поддршка на тинејџерите и на нивните родители и на родителите на деца со попреченост погодени од кризата со КОВИД 19. 

-Телефонската линија 078 378 728 за помош на тинејџерите и на нивните родители и телефонската линија  070 291 574 за помош на родители на деца со попреченост ќе работат од 9:00 до 16:00 часот секој работен ден. Телефонската линија 072 912 676 за помош на деца на училишна возраст и на родители на деца на предучилишна и училишна возраст ќе работи од 9:00 до 19:00 часот секој работен ден, информираат од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. 

Ова, велат оттаму, е дополнителна поддршка на веќе воспоставената телефонска линија на Универзитетската клиника за психијатрија за родителите на децата од предучилишна и училишна возраст која сега е отворена и за самите деца на училишна возраст.

0 Коментари

Остави коментари