Нови снимки на каналот „Обнова на режимот“, за Јанушев и за списоци од Телеком
Foto

Нови снимки на каналот „Обнова на режимот“, за Јанушев и за списоци од Телеком

Два нови раговори се објавени на каналот „Обнова на режимот“. Разговорите се именувани како „Јанушев ќе ги убијам“ и „Партиски списоци на ДПМНЕ за Телеком“.

Во првиот разговор се слуша како генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата кандидати за пратеници во Третата изборна единица Игор Јанушев се заканува дека, како што вели, ќе убие две лица, Даниела и Ратко.

Во вториот разговор „Партиски списоци на ДПМНЕ за Телеком“ се дискутира за партиски списоци во кои се впишани вработени од Телеком. Според разговорот, тие се селектирани според склучените договори и треба да му се пратат на Жарко Луковски, поранешен извршен директор на компанијата.

На каналот „Обнова на режимот“ вчера првпат беа објавени снимки со разговори меѓу генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата кандидати за пратеници во Третата изборна единица Игор Јанушев и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Јанушев од 2015 до 2017 година беше директор на ЈСП „Скопје“, а пред тоа работеше во Министерството за транспорт и врски.

0 Коментари

Остави коментари