Нови протести против Нетанјаху во Ерусалим
Foto

Нови протести против Нетанјаху во Ерусалим

Неколку илјади демонстранти во Ерусалим синоќа се собраа пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, барајќи ја неговата оставка.

Слични протести во последните неколку недели се одржуваа и против „владината корупција“ и повремено ескалираа во остри судири со полицијата.

Околу 5.000 лица синоќа ја бараа оставката на Нетанјаху, кој во три одделни афери е обвинет за корупција, измама и злоупотреба на довербата.

Демонстрантите, исто така, тврдат и дека тој лошо управување со епидемијата на коронавирусот и ја ограничува демократијата, пренесува Хина.

Минатата недела беше донесен закон со кој владата доби посебни овластувања да се бори против Ковид-19 до јуни 2021 година, со кој се ограничи контролата на парламентот врз одлуките на владата.

Со повеќе од 60.000 заразени и 455 мртви од Ковид-19 Израел во последните денови има повеќе од илјада нови случаи дневно.

0 Коментари

Остави коментари