Нови искри меѓу Kосово и Србија: Собранието во Приштина сака да прогласи сопствена војска
Foto

Нови искри меѓу Kосово и Србија: Собранието во Приштина сака да прогласи сопствена војска

Косовскиот претседател Хашим Тачи изврши попладнево смотра на Безбедносните сили на Косово, ден пред утрешното гласање во Собранието за нивна трансформација во вооружени сили. Тој во своето обраќање во касарната „Адем Јашари“, изјави дека трансформацијата на сегашните Безбедносни сили во војска на Косово не претставува опасност за никого. На припадниците на српската заедница во Косово, им порача дека „војската на Косово ќе биде бранител и заштитник на сите граѓани“. Официјален Белград остро се спротивставуваат на трансформацијата, предупредувајќи дека со ова Косово ја загрозува безбедноста на регионот. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека намерата на Приштина да формира војска не е во согласност ниту со правото ниту со Резолуцијата 1244 и додаде дека должност на КФОР е да ја распушти таа војска.

„Обврска на КФОР е да ја распушти војската. Но, тие тоа нема да го сторат, ќе кажат дека сè се променило од како е прогласена независност. Не понижувајте ги Србија и српскиот народ, бидејќи тоа нема да ви го дозволи ниту српскиот народ ниту Србија.“  изјави Вучиќ.

Отворена поддршка на формирањето војска на Косово изразија официјален Вашингтон, Лондон и Берлин, како и командантот на НАТО, Џејмс Фого, кој вчера во Скопје изјави дека тоа е суверено право на Косово. Против се изјаснија неколку членки и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, кој рече дека одлуката на Приштина е избрзана.

 

0 Коментари

Остави коментари