Почина 19 годишна девојка од Битола, која вчера била хоспитализирана со симптоми на КОВИД. Од битолската болница за ТВ 24 велат дека девојката која имала и Даунов синдром, била примена во тешка здравствена состојба, со ниска сатурација и со симптоми на вирусот, но починала, пред да и биде земен брис за тестирање.
„Пациентката беше прв пат донесена вчера, во тријажен центар, а од таму веднаш беше испратена во ковид центарот со ниска сатурација, давана беше терапија, се преземаа реанимациони мерки, но за неколку часа почина и не успеа да се земе брис, но клиничката слика упатуваше на КОВИД инфекција.“ - вели д-р Билјана Гагачовска - директорка на ЈЗУ Клиничка Болница - Битола.
Пораст на бројот на помлади пациенти се регистрира и во КОВИД Центарот во ГОБ „Осми септември“. Раководителката на инфективното одделение вели дека во овој бран се помлади лица и без претходни заболувања развиваат тешки симптоми на вирусот, поради што им е потребно и болничко лекување, а најмладата пациентка која е хоспитализирана има 29 години.
„Овој бран за жал се јавува и кај помлади лица без коморбидитети и се разликува клиничката слика, која е нешто поизразена и потешка, масовни пенвмонии се развиваат кај некои пациенти дури и неколку дена по развој на инфекцијата, многу брзо и со многу драматчна клиничка слика.“ - вели др Маја Дуганова - паководителка на Инфективно Одделение „ГОБ Осми септември“.
Со 51 починат, Македонија вчера регистраше нова рекордна статистика на жртви од коронавирусот. Според д-р Дуганова една од причините за високата смртност е што дел од пациентите и натаму доцна бараат лекарска помош.
„Имаме два типа на луѓе, едни веднаш бараат помош, друг тип на луѓе се уште не веруваат се уште во висурот и седат дома и не барааат помош и кога драматично ќе се влоши состојбата, тогаш доаѓаат за помош, а тогаш е веќе доцна, така што повеќе фактори се и заради тоа кај некои не можеме да успееме и покрај сите адекватни мерки дадени не успеваме да ги спасиме.“ - вели др. Дуганова.
Последниот извештај на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 29 март до 04 април покажува зголемување на смртноста за дури 27% во споредба со претходната недела, како и зголемување на бројот на хоспитализации за речиси 10%.
Според податоците на министерството за здравство зголемен е бројот на приеми во болниците. Во моментов 679 пациенти се лекуваат во инфективните одделенија во главниот град, а 144 се хоспитализирани во ГОБ Осми септември.
0 Коментари