Нови 5 позитивни на Ковид 19 - почина 39-годишен пациент од Кичево
Foto

Нови 5 позитивни на Ковид 19 - почина 39-годишен пациент од Кичево

Во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје –  3, Куманово и Тетово – по 1.

Регистрирани се 8 оздравени пациенти од: Скопје и Тетово – по 2, Кичево, Гевгелија, Валандово  и Демир Хисар – по 1.

Пријавено е едно починато лице од Кичево (39 г), починато во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 861.692 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.645, бројката на оздравени пациенти е 149.916, на починати е 5.478, а бројот на активни случаи изнесува 251.

0 Коментари

Остави коментари