Новак Ѓоковиќ лесно и брзо го мина првото коло на тенискиот турнир во Токио
Foto

Новак Ѓоковиќ лесно и брзо го мина првото коло на тенискиот турнир во Токио

Србинот Новак Ѓоковиќ со рутинска победа го почна настапот на олимпискиот тениски турнир, совладувајќи го во 1. коло Уго Делијен од Боливија со 6:2, 6:2.

За пласман во 2. коло на Игрите во Токио на најдобриот светски тенисер му беа потребни 61 минута.

Следен противник на Ѓоковиќ биде 48. тенисер во светот, Германецот Јан Ленард Штруф, кој претходно денеска го совлада Бразилецот Тијаго Монтеира со 6:3, 6:4.

0 Коментари

Остави коментари