НОВА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО КОЧАНСКО
Foto

НОВА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО КОЧАНСКО

Отпадните води од Кочани повеќе нема да се слеваат директно во река Брегалница. Ќе се собираат од сите населени места на потегот од Оризари до Подлог преку цевковод долг 12 километри. Ќе се третираат во Пречистителната станица кај Мојанци, што денес беше пуштена во употреба.

Кон Пречистителната станица изградена на 11 хектари предвидено е подоцна да се приклучи и Виница. Целиот процес е автоматизиран. За економичност инсталирана е и фотоволтаична централа, а обезбедени се средства и за санирање на штетите на патот Кочани Мојанци, настани за време на изградбата на пречистителната станица.

Станицата за третман на отпадни води се изгради со донација од Швајцарија од 21 милион швајцарски франци. Останатите два милиони се обезбедени од држвниот буџет и комуналното претпријатие Водовод од Кочани. Ова не е прва донација на Швајцарците со чија подршка веќе се изгради Пречистелната станица во Берово. Од  Министерството за животна средина најавуваат дека до крајот на годината пречистителни станици ќе добијат  Битола и Тетово, а догодина ќе се гради и во Скопје.

0 Коментари

Остави коментари