Нов протест на опозицијата
Foto

Нов протест на опозицијата

Со паролите „Оставка, оставка“ и „Мафија на робија“ од зградата на Министерството за правда до пред Кривичниот суд Скопје, вечерва ВМРО-ДПМНЕ, одржа протест против ,како што велат од партијата „неправдите, реваншизамот и политичкото насилство“. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќањето пред членовите и симпатизерите на партијата, меѓу другото кажа дека во четирите години од кога, како што рече тој, мафијата е на власт, ништо не е сменето. Според него, владата нема решенија за проблемите кои денеска се тешка сурова реалност.

Мицкоски упати и неколку барања меѓу кои опозицијата да го предлага републичкиот јавен обвинител, итно формирање на Комисијата за заштита од дискриминација како и ревизија на сите судски процеси за кои, како што рече Мицкоски, власта сега молчи. Тој побара одговорност и за сите оние кои незаконски прислушувале.

На вечерашниот протест пред присутните зборуваше и паратеникот од оваа партија Игор Дурловски, кој своето обраќање им го посвети на, како што рече, браќата кои се по македонските затвори, а се неправено осудени. Тој им вети дека ќе ги искористи сите демократски средства за да се дознае вистината за, како што тврди Дурловски, политички прогонетите браќа и сестри. 

Адвокатката Ружица Николовска ја праша власта зошто за четири години власт не ја испорачала ветената правда. 

Ова е трет по ред протест на ВМРО-ДПМНЕ откако претходно партијата протестираше против поскапувањето на струјата и во одбрана на ликот и делото на револуционерот Гоце Делчев.

0 Коментари

Остави коментари