Нов план за управување со охридскиот регион, нема да се гради на 50 метро од брегот
Foto

Нов план за управување со охридскиот регион, нема да се гради на 50 метро од брегот

Заштитен крајбрежен појас широк 50 метри и општ урбанистички план за целиот брег на Охридското езеро предвидува новиот нацрт план за управување со охридскиот регион. Појасот кој ќе биде поделен на зона А и Б прецизно ќе условува што смее, а што не смее да се гради.

Првата зона А е забранета за градба за да се задржи крајбрежната функционалност и квалитетот на езерото,додека во првата Б  се задржуваат објектите кои се веќе изградени но со тендиција да се зголеми површината која има крајбрежна функционалност согласно Рамковата директива за води информираат од Министерството за животна средина. Итноста од усвојување на овој план е голема бидејќи истиот е рамка за управување односно „спас” на Охрид, но ако во неговото спроведување во пракса не се вклучат  институциите и граѓаните тогаш нема ништо од него.

Од Охрид СОС ја поздравуваат активноста за изработка на планот но негодуваат за неговото донесување бидејќи алармираат за низа недостатоци во постапката. Од Министерството за животна средина пак реплицираат дека ако се чека донесувањето на Законот за да се усвои планот тоа ќе значи изгубено време и нова штета за градот Охрид и државата.

Во планот меѓудругото ќе бидат предвидени и посебни регулативи со цел ревитализација и заштита на Студенчишкото блато, планината Галичица и плажите. Од Владата пак дополнуваат дека освен изработката на Планот и Стратегиската оцена на животната средина одвоени се и 180 милиони денари за санација на најкритичните точки на колекторскиот систем на Охридското Езеро.

Од нив 130 милиони денари се за исплаќање на долговите на претходната локална компанија „Проаква“ а уште 50 милиони денари се предвидени за санација на најкритичките точки на колекторот кој со децении е горлив проблем за регионот.

0 Коментари

Остави коментари