Нов изборен модел: Дали Македонија ќе каже збогум на султан партиите?
Foto

Нов изборен модел: Дали Македонија ќе каже збогум на султан партиите?

И власта и опозицијата се подготвени да дебатираат за тоа дали е потребна промена на начинот на гласање. Напуштањето на изборниот модел со шест изборни единици и воведување на моделот државата да биде една изборна единица со отворени листи. 

Претседателот на државата Стево Пендаровски, дава поддршка на ваквата иницијативa што ја покренаа неколку политички партии. На неговиот повик за дебата веднаш позитивно одговорија и СДСМ и ДУИ.

Со земјата како една изборна единица и отворени листи ќе се овозможи во Парламентот да се најдат кандидатите кои ќе добијат поголем број на гласови, а не како досега, кога пратеници стануваа тие што се на подобра позиција на гласачкото ливче, генерално само затоа што имаат подобри врски со лидерот.

Со отворените листи граѓаните ќе имаат слобода на избор при гласањето, бидејќи ќе се цени личноста, а не само партијата. На овој детаљ предочи и Пенадровски во писменото соопштение од неговиот кабинет.

„Со политички консензус да се постигне договор за пропорционален изборен модел со отворени листи, каде граѓаните ќе имаат можност да избираат не само политички партии, туку и поединечни кандидати.  Во Република Северна Македонија треба да има помал број на изборни единици, без праг или со минимален праг на потребни гласови, а во функција на проширување на политичкото претставување во Собранието.“

Во Македонија имаше неколку иницијативи за промена на изборниот модел, но тие беа секогаш одбивани од големите партии, бидејќи тие со новиот модел го губеа монополот врз гласачкото тело, односно остануваат покуси за неколку пратеници.

0 Коментари

Остави коментари