НЛБ: Подготвени за седмото издание на „NASA Space Apps Challenge“!
Foto

НЛБ: Подготвени за седмото издание на „NASA Space Apps Challenge“!

НЛБ Банка домаќин на интернационалниот хакатон „NASA Space Apps Challenge“ кој започнува денеска, а учество ќе земат 140 млади таленти: средношколци и студенти од Македонија кои во следните 48 часа ќе дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици со кои се соочуваат земјата и вселената. Овој хакатон во исто време се случува низ 200 локации низ светот и земаат учество 18.000 учесници.

Во просториите на НЛБ Галеријата следните три дена ќе си ги измерат силите најталентираните млади од земјава подготвени да креираат решенија за локални и глобални предизвици.

На настанот досега земале учество  над 1.000 млади од земјава, а оваа година трите победнички тима директно ќе се квалификуваат и на Натпреварот за Space стартапи, како и на Глобалниот натпревар на NASA.

0 Коментари

Остави коментари