Низа контрадикторности на новите мерки за спречување на влез на невакцинирани граѓани
Foto

Низа контрадикторности на новите мерки за спречување на влез на невакцинирани граѓани

Задолжително вакцинирани посетители, но невакциниран персонал во угостителските објекти, во трговските центри, обложувалници и казина - новите владини мерки предизвикаа нејаснотии во јавноста.

Од Сојузот на стопански комори бараат Владата недвосмислено да појасни дали и како ќе важат мерките за влез на лицата вработени во сите објекти опфатени со забраната, доколку не поседуваат сертификат за вакцинација или потврда за поминати 45 дена од прележан ковид.

„Во овој момент во пракса се случува при инспекциски надзор да се бара потврда за вакцинација за сите лица во објект, не правејќи разлика меѓу вработени и посетители со што постои потенцијална можност за ограничување на правата на личен избор на лицата вработени дали да се вакцинираат, за што се бара прецизирање и јасно објаснување дали влезот во објект е слободен за секој кој поседува доказ за имунизација или од ова се исклучок лицата во работен однос во овие објекти. Недореченоста на мерките од страна на Владата во незавидна положба ги става и работодавачите кои не знаат дали и како треба да постапуваат“ велат од Сојуз на стопански комори на Македонија.

ТВ24 денеска бараше одговори од Владата на неколку прашања меѓу кои и какви документи треба да приложат вработените во објектите каде што се забранува влез за невакцинирани, кој ќе контролира дали некој ќе влегува со лажен сертификат за вакцина, со оглед на тоа што редарите немаат право да ги проверуваат личните карти на посетителите и која е логиката невакцинирани во угостителските објекти да служат вакцинирани посетители, односно дали ова не претставува ризик за посетителите?

Но од Владата одговор не добивме.

Прашавме и дел од граѓаните дали сметаат дека персоналот во угостителските објекти, трговските центри и обложувалниците треба да биде вакциниран.

Од Туристичко-угостителската комора пак бараат измени на новите мерки.

На 17. август Владата донесе одлука за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, во затворени трговски центри, обложувалници и казина граѓаните да морат да приложат сертификат за вакцинација или за прележан ковид во последните 45 дена.

0 Коментари

Остави коментари