Ниту една фирма не се пријавила да ја руши дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“
Foto

Ниту една фирма не се пријавила да ја руши дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“

Пропадна тендерот на општина Чаирза фирма која ќе ги урива дивоградбите во општината. Ниту една фирма не се пријави на отворениот повик. 

Оттаму велат дека веднаш ќе биде отворен нов јавен повик, со истите критериуми. Нелегалниот објект пред ТЦ „Мавровка“ останува и понатаму да стои, иако градоначалникот Висар Ганиу најави дека доколку по дадениот рок непознатиот инвеститор сам не го сруши објектот, неговото уривање ќе го направи општината. Но иако во јавниот повик за фирма која ќе го врши ова уривање, но и сите останати во општината, немало посебни услови, сепак до затворањето на повикот не аплицирала ниту една фирма. 

Од општината велат дека веќе утре повторно ќе биде објавен нов повик, но не дадоа информација што доколку и по следниот повик не се појави фирма која ќе се пријави, кој и како ќе ја сруши дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“, која никна на местото на опожареното кафуле „Фонтана“.

0 Коментари

Остави коментари