Ниски утрински температури, во Берово под нулата
Foto

Ниски утрински температури, во Берово под нулата

Во Берово изутрина во седум часот температурата изнесувала еден степен под нулата, а во Маврово нула степени. Еден степен е регистриран во Лазарополе, два во Битола, три во Дебар, Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово и Демир Капија, четири во Охрид, Претор, Прилеп, Струмица, Крушево и Куманово. Пет степени изнесувала температурата во Скопје-Зајчев Рид и Штип, гевгелија  шест, Виница осум , а во Дојран десет, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Изминатата ноќ времето беше претежно ведро, со слаб ветер од јужен правец. Во Струмица има појава на магла.

0 Коментари

Остави коментари