Нинџа: Парламентарно-партски штаб координитор на 27 април, УБК ги следеше Заев, Спасовски и Верушевски
Foto

Нинџа: Парламентарно-партски штаб координитор на 27 април, УБК ги следеше Заев, Спасовски и Верушевски

„За заедничка Македонија“,  беше формирана од ВМРО-ДПМНЕ и имаше фиктивни водачи. На протестите на „За заедничка Македонија“ 80 отсто беа од ВМРО-ДПМНЕ кои ги даваше сите реквизити што се користеа. Сите водачи на протестите ги имам гледано во штабот на ВМРО-ДПМНЕ кај Кирил Божиновски, рече обвинетиот Александар Василевски 

Според Нинџа, оперативните податоци до коишто тој дошол велеле дека организаторите на протестите биле исплаќани од ВМРО-ДПМНЕ.

– „Јас само ги видов во партијата со Кирил Божиносвки, но не можев да ги видам нивните џепови“, рече Нинџа.

Кажа дека поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски кога се создал Фронтот за Македонија му дал налог да се сретне со Јане Ченто и Игор Југ. За Југ, како што посочи, требало да оцени дали неговото мислење е проруско.

– „Кон 15 април зовре состојбата и се скандираше против „тиранската платформа“. Во свест ни беше врежан патриотизмот. Никој од овие во судница не знаеше што може да се случи на 27 април . Тој ден околу 12:30 часот ми се јави директорот на УБК и ми кажа да бидам во Скопје бидејќи има информации дека нешто ќе се случи, рече Нинџа. Додаде дека околу 16 часот повторно му се јавил Атанасовски и му рекол дека има информации оти СДСМ ќе бира претседател на Собранието и оти тоа го знае и Ченто“.

Атанасовски му кажал дека „комуњарите сакаат да бираат претседател и посочил дека во секој момент треба да биде прогласена воена состојба“.

Нинџа пред судот истакна дека имал контакт и со Сашо Мијалков, кој го викнал да оди во „Мериот“ и штабот на ВМРО. Околу 18 часот бил во штабот на партијата, но Мијалков не бил таму. Таму, како што додаде, имало лица од парламентарниот – команднооперативен штаб на партијата – Бришковска, Божиновски, Јанакиески, Чавков.

Од тука, како што посочи Нинџа, се координирало што се случуваше на 27 април. Бришковска кажала дека не поминало првото сценарио и пратениците не си ја завршиле работата и не предизвикале тепачка.

0 Коментари

Остави коментари