Николовски: Одговорност е потребна денес, Македонија изгуби две години!
Foto

Николовски: Одговорност е потребна денес, Македонија изгуби две години!

„Македонија втора година со ред не добива датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Тоа е тажната вистина. Директна последица на катастрофалното ниско ниво на реформи, корупцијата, економското назадување и немање на владеење на правото, резултат на неработата на Заев“. Ова меѓудругото на својот Фејсбук профил го напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Тој смета дека „Денешната кавга помеѓу Стево Пендаровски од една страна и Еди Рама и Дитмир Бушати од друга страна само потврдува колку бев во право пред година и пол и колку сето беше вистина. Пендаровски е прв од власта на Заев кој индиректно собра храброст да признае дека групата на Македонија со Албанија ја влече државата назад. Кога тоа го кажа доби остар одговор од Рама и Бушати. Изгледа не биле „научна фантастика'' моите сознанија“.

„Заради оваа непромислена политика на Заев и Османи, како и заради криминалот, корупцијата, економското назадување Македонија изгуби две години.

Не сум среќен што бев во право зашто две години никој не може да им ги врати на сите граѓани на Македонија! Не смее да се губи повеќе време! Одговорност е потребна денес, веднаш од тие што го смислија и реализираа овој план“ - вели Николовски на ФБ.

0 Коментари

Остави коментари