Никој не е казнет што Амди Бајрам не беше погребан по протокол за починати од ковид 19
Foto

Никој не е казнет што Амди Бајрам не беше погребан по протокол за починати од ковид 19

Полицијата втор ден молчи за масовниот погреб на поранешниот пратеник Амбди Бајрам што се одржа вчера во Скопје. Од МВР се уште нема одговор зошто не реагираа за прекршувањето на здравствените протоколи кои што во услови на епидемија предвидуваат забрана на масовни церемонии и присуство на повеќе од десет луѓе на починати со КОВИД 19.

А токму поради масовните собири, свадби и погреби дојде до состојба да се исполнат болниците со пациенти - вели министерот за здравство Венко Филипче. Но освен осуда, одговорност нема. 

„Никој не треба да ги прекршува ниту протколите, а секој да се придржува до апелите и препораките и никој не смее да се чувствува дека е привилегиран поради било што. Со сета почит кон починатиот и целата церемонија, од токму такви прекршувања имаме проблем целиот изминат период. Немаме проблем таму каде што нема собирања и каде се носат маски. Не треба да се случува тоа, го осудувам тоа прекршување на нашата препорака.“ - изјави – Венко Филипче - министер за здравство.

Од Комисијата за заштита од заразни болести бараат надлежните институтции да реагираат и да казнуваат за вакви настани, бидејќи велат никој не смее да го загрозува јавното здравје. Првиот човек на Центарот за јавно здравје во Скопје вели дека и државата потфрлила во овој дел. 

„Кажете ми сега какви мерки да преземе државата со ситуацијата околу погребот на Амди Бајрам. Овде имате по протокол позитивен човек на КОВИД 19, постмортем дијагностициран и правите анкета на фамилијата на контактите. Фамилијата ви дава одредени или не ви дава податоци, тие ги ставате во изолација, пошто не се болни, може да имаат инфекција, но не се болни и кој да ви ги каже имињата на другите 300 души што биле на погреб. Тие не се болни ако сака некој да се јави па ако развие симптоми но практично сте немоќни. Отидоа надвор од државата за да го изиграат системот и да направат групировки.“ - вели д-р Александар Стојанов - директор на ЦЈЗ Скопје.

Министерството за здравство пак по смртта на Амди Бајрам соопшти дека посмртно му било потврдено присуство на коронавирусот и апелираа до семејството да не организираат масовен погреб. 

Министерот Филипче смета дека со измените на законот за заштита на населението од заразни болести кои што прво треба да поминат во Собранието, инспекторите ќе добијат повеќе надлежности за да можат да вршат контроли и да санкционираат.

0 Коментари

Остави коментари