Незири за ТВ 24: Димитров стана аутсајдер излажан не само од домашниот политички фактор, туку и од меѓународниот

Новинарот Џелал Незири во емисијата 24 анализа рече дека се очекуваше еден ваков епилог на таа политичка кариера на Димитров.

- Тој во СДСМ Ддојде како независен експерт. Тој го потпиша Преспанскиот договор. Реално е да се очекува да биде аутсајдер или излажан не само од домашниот политички фактор, туку и од меѓународниот. Договорот за добрососедство беше потпишан во 2017 и до 2020 година кога се направила реконструкцијата на владата, оттогаш Димитров делува како опозиционер. Неговите ставови се се потврди во однос на тоа прашање. - рече Незири.