Независниот синдикат на полицијата организираше синдикален марш
Foto

Независниот синдикат на полицијата организираше синдикален марш

Незавсинсиот синдикат на полицијата кој број околу три илјади членови, побара да се почитува Законот за работни односи во врска со репрезентивноста  на синдикатот и да биде  вклучен во социјалниот дијалог.

Дел од раковоството на Независниот синдикат на полицијата, кој организраше синдикален мараш низ улииците на Скопје, побара од министерот Оливер Спасовски да не го фаворизира полицискиот синдикат во рамките на ССМ затоа што лажно ги преслкикува состојбите во МВР.

„Во моментот и 20 години наназад, раководи само еден центар, не министер, еден центар кој го лаже и овој министер. Тоа ние сме должни да му го пренесеме за да не го лажеме. Ние сме чесни и ова постојано во минатото и во иднината ќе го потенцираме., Нема да дозволиме хаосот да продолжи во МВР.“ - вели Гоце Делчев  Тодев, претседател на Независниот синдикат на полицијата

Од конфедерацијата на независни синдикати потенцираа дека не смее да има сервилен синдикат затоа што работи работата на штета на државата.

„Која како влада дојде само го менува дресот и остануваат истите луѓе и ги заљстапуваат правата на работниците, видовме како ги застапуваа досега.“ - вели Маријан Ристески претседател на Конфедерација на независни синдикални организации на Македонија.

Од министерството за внатрешни работи исткнаа дека соработуваат со синдикатите без оглед на репрезентативноста и дека тоа се гледа  од бројните средби и од преземените активности.

„Ние сме подготвени секој предлог кој е во насока на подобрување на условите за работа на полицајците да го прифатиме без оглед на тоа од кој синдикат доаѓа. Сведоци сте дека изминатиот период постојано промовираме реновирани полициски станици и други објекти, набавуваме униформа и друга опрема за полицијата“ - вели Тони Ангеловски, портпарол на МВР.
 
Од синдикатот најавија дека доколку не се исполнат нивните барања  ќе ги радикализираат протестите.

0 Коментари

Остави коментари