Незауздан коњ трча во спротивна насока на автопатот Скопје - Тетово, пријава за сопственикот
Foto

Незауздан коњ трча во спротивна насока на автопатот Скопје - Тетово, пријава за сопственикот

Една несекојдневна случка на автопатот Скопје - Тетово. На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како коњ со запрежна кола неконтролирано трча по автопат, во спротивна насока и сериозно го загрозува сообраќајот.

Полицијата по долгата бркотница успеала да го сопре коњот, а инцидентот за среќа завршил без несакани последици. МВР поднесе пријава против 53-годишник од градот сопственик на коњот.

0 Коментари

Остави коментари