НЕВРЕМЕ УДРИ ВО ПРЕСПА, УНИШТЕНИ ПЛАЖИ, ВОЗИЛА, КАМП ПРИКОЛКИ – НЕМА ПОВРЕДЕНИ
Foto

НЕВРЕМЕ УДРИ ВО ПРЕСПА, УНИШТЕНИ ПЛАЖИ, ВОЗИЛА, КАМП ПРИКОЛКИ – НЕМА ПОВРЕДЕНИ

Искорнати дрвја. оштетени кампови, вознемирени туристи. Ваква е денешната слика во кампот Крани ден после големото невреме. Очевидци сведочатдека  вакво нешто досега немаат видено.

Вистински ураган преживеавме вчера, вознемирено пред камерата на тв 24 раскажуваат сопствениците на кампови во Крани. За 20 минути силниот ветар, град и дожд истовремено направиле пустош на ова место.За среќа нема повредени иако кампот бил исполнет до последно место, но штетата е огромна.

Силниот град и ветер речиси во целост ги имаат уништено јаболковите насади. Овоштарите велат штетите се несогледливи, дрвцата не можат да се опорават уште најмалку две три години.

Кампот Крани од вчера е без вода и струја поради оштетување на електрилни столбови. Оштетени се и многу автомобили, кровови на куќи во околните места земјоделски насади.Од вчера на терен се екипи на општината, центрите за спасување, пожарна ,брза помош а состојбата на терен денеска полека се расчистува.

Погодените места денеска ги посетија и министрите за земјоделство и внатрешни работи кои ветија помош и обештетување за граѓаните. Освен во Преспа силно  невреме вчера имаше и во Охридскиот регион, а најпогодени се Трпејца, кампот Љубаништа и Св. Наум каде има откорнати дрвја и оштетени приколки, за среќа нема повредени.

0 Коментари

Остави коментари