Невреме и поплави во делови од Македонија
Foto

Невреме и поплави во делови од Македонија

Продолжуваат поројните дождови низ Македонија. Невреме со силен ветар денеска околу 13 часот го погоди Делчево.

Поради силината на ветрот уништени се неколку лимени покриви, меѓу кои и на една од зградите во центарот на градот. Во моментов се работи на расчистување на патниот правец Делчево – Пехчево каде се отстрануваат паднати дрва.

Невремето го погоди и Охрид, каде како последица на поројните дождови поплавен е центарот на градот. Поради нестабилното време кое е проследено со локален пороен дожд, грмежи и град, дирекцијата за заштита и спасовање апелира граѓаните да не се движат покрај реките и речните брегови во земјата.

0 Коментари

Остави коментари