Невозможна мисија: Додека енергетската криза тропа на македонски порти, власта се обидува да креира модел за економски развој
Foto

Невозможна мисија: Додека енергетската криза тропа на македонски порти, власта се обидува да креира модел за економски развој

Експертите предупредуваат - кризата допрва доаѓа, но Владата и натаму крои планови за забрзан економски раст. Нема да има нови задолжувања вели министерот за финансии, туку со владиниот план ќе се овозможува фискална консолидација и забрзан економски раст со инвестиции во вкупен износ од 12 милијарди евра во следните 5 години.

Со три обврзници ќе се обезбедуваат пари за негова реализција.

„Како што ќе бидат проекциите за фискална одржливост со извдавање обврзници и тоа развојни, покрај еврообврзниците што се за буџетска поддршка, главниот фокус и новината ќе биде издавање на развојни, зелени и обврзници базирани на проекти.“ - вели Фатмир Бесими министер за финансии.

ТИРЗ го претстави стратешкиот зелен инвестициски фонд - кој е само еден сегмент од Планот, со кој се очекуваат нови 15 илјади работни места и инвестиции од околу 750 милиони евра.  Фондот нема да генерира дополнителен јавен долг, уверуваат надлежните и велат креиран е така што за едно вложено евро јавни пари треба да се поттикнат инвестиции во износ од 10 евра.

„Механизмот ќе функционира на начин на кој што зелениот стратешки инвстициски фонд, каде што државата и приватни институционални инвеститори ќе соработуваат заедно, и одлуките ќе се носат од страна на стручен панел, не од страна на државата. И со наша поддршка, во учество во проектите не поголемо од 40 % сакаме да потикнеме вклучување на приватен капитал преку пред се комерцијалните банки, во и надвор од државата.“ - вели Јован Деспотовски - ТИРЗ.     

Според експертите, ова е амбициозен план – но велат неговата реализација е под знак прашање поради моменталната енергетска криза со која се соочува земјата. А дополнително предлагаат дерегулација, олабавување на економијата.    

„За да имаме забрзан економски раст - прво тука треба да бидеме на чисто, дали имаме доволно домашни капацитети кои можат да гарантираат одредена цена и стабилност во снабдувањето со електрична енергија. За инвестициите е потребно да се подразмили околу дополнителна либерализација, дерегулација на пазарот. Да се елиминираат ограничувањата и заштита на монополите и олигополите.“ - вели Зоран Ивановски универзитетски професор.

Со Планот предвидени се четири милијарди евра јавни инвестиции и дополнително осум милијарди евра инвестиции од приватниот сектоер со што вкупно ќе се генеираат 12 милијарди евра во следните пет години. Иако ерскпертите се скептици, очекувањата на Владата се економскиот раст од 2,5  да порасне на пет проценти просечно годишно до 2026 година.

0 Коментари

Остави коментари