Неважечки 31.107 гласачки ливчиња на изборите
Foto

Неважечки 31.107 гласачки ливчиња на изборите

Државната изборна комисија регистрира 31.107 неважечки ливчиња на вчерашните предвремени парламентарни избори, според обработени 3.421 од 3.480 избирачки места.

Бројот на важечки ливчиња изнесува 869.533.

Гласале 927.640 граѓани или 51 отсто од вкупно запишаните 1.814 263 во Избирачкиот список.

-Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера, без значителен број нерегуларности, оценија вчеравечер надлежните по затворањето на гласачките места.

Десеттите парламентарни избори поради актуелните услови на пандемија на коронавирусот траеја три дена, а се гласаше со маски и други превентивни мерки според протоколот што го утврдија здравствените институции.

0 Коментари

Остави коментари