НЕВАКЦИНИРАНИ ПРВАЧИЊА НЕМА ДА МОЖАТ ДА СЕДНАТ ВО ШКОЛСКИТЕ КЛУПИ
Foto

НЕВАКЦИНИРАНИ ПРВАЧИЊА НЕМА ДА МОЖАТ ДА СЕДНАТ ВО ШКОЛСКИТЕ КЛУПИ

Невакцинирани деца нема да може да одат на училиште. По речиси шест месечно спротивставување на ставовите меѓу Министерствата за здравство и образование - сепак на денешната владина седница одлучено е училиштата да ги примаат пријавите за упис на првачињата, но до септември мора да биде поднесна и потврда за примена МРП вакцина. Министерот за здравство Венко Филипче, со непроменет став дека вакцинацијата е услов за запишување на децата во училиштата и градинките.

Епидемијата со морбили не стивнува со месеци – а целата ситуација дополнително се комлицираше во моментот кога се појави скандалот со вакцините со погрешни деклцарации, за кои Јавното обвинителство отвори предмет, но и по три месеци се уште ги чекаат резултаите од анализите кои се на вештачење во меѓународна лабараторија.

Во меѓувреме бројот на новозаболени лица од мали сипаници расте, неделоно и по сто лица се заразуваат со морбили. На Клиниката за инфеткивни болести во изминатото деноноќие биле прегледани 13 пациенти од кои четири се примени на болничко лекување. На клиниката во моментов се лекуваат 31 пациент од кои 18 од нив се возрасни и 13 деца. Во тешка состојба на одделот за интензивна нега е 16 годишна пацинетка со церебрална парализа, на одделите има и три деца и двајца возрасни во потешка состојба. Поради комликиации до морбили изминатите емсеци починаа четири деца.

0 Коментари

Остави коментари