Нетанјаху: Проширувањето на суверенитетот на Западнито Брег е приоритет
Foto

Нетанјаху: Проширувањето на суверенитетот на Западнито Брег е приоритет

Израел нема да пропушти историска можност да го прошири својот суверенитет над делови од окупираниот Западен Брег. Тоа го изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нарекувајќи го тој потег една од главните задачи на неговата нова влада.

Палестинците сметаат дека таквиот чекор е незаконска анексија на окупирана земја.

Минатата недела Палестинците прогласија прекин на безбедносната соработка со Израел и неговиот сојузник САДС во знак на протест против планот.

Нетанјаху вети дека ќе ги постави еврејските населби и долината Бека, на Западниот Брег, под израелскиот суверенитет.

Тој го постави 1 јули како датум за почеток на разговорите во владата за тоа прашање.

0 Коментари

Остави коментари