Нетанјаху: ЕУ не треба да го спасува нуклеарниот договор со Иран
Foto

Нетанјаху: ЕУ не треба да го спасува нуклеарниот договор со Иран

Постои опасност Европа „да се освести многу доцна“ доколку се обидува да го спаси договорот со Иран за неговата нуклеарна програма, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Веројатно во Европа има луѓе кои ќе се разбудат дури откако ирански нуклеарни ракети ќе паднат на европска територија, ама тогаш ќе биде многу доцна, тврди Нетанјаху во видео снимка објавена на Твитер.

Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ се состанаа вчера во Брисел, со цел да се обидат да направат се што е можно да го спасат договорот од 2015 година.

– Договорот се наоѓа во тежок период, но се уште не е дојден крајниот момент, изјави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и го повика Иран да ги почитува обврските од него.

Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант, пак, истакна дека договорот „се уште не е мртов“ и ЕУ сака да му даде можност на Иран да се откаже од намерите кои се спротивни на неговите обврски од договорот.

0 Коментари

Остави коментари