Нестабилно време, облачно со врнежи од дожд
Foto

Нестабилно време, облачно со врнежи од дожд

Времето во земјава ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд, на места обилни, локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и со услови за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14 степени, а дневната температура од 10 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд.

Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната температура до 20 степени.

Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 50 л/м2, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2 за целиот период). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и потопло.

0 Коментари

Остави коментари