Нешков за тв 24: Проблемите меѓу Скопје и Софија не зависат од изборите во Бугарија
Foto

Нешков за тв 24: Проблемите меѓу Скопје и Софија не зависат од изборите во Бугарија

Директорот на БГНЕС, Љубчо Нешков, кој го направи интервјуто со Заев, потенцираше дека 2021 ќе биде година на добри односи меѓу Софија и Скопје, зошто има политичка волја и има лидери во двете држави кои сакаат да живеат по европски начин.

„Убеден сум дека така ќе биде и има многу измислени проблеми и патриоти кои штитат нешто кое нико е сака да им го земе. Никој во Софија не сака да земе идентитет, јазик или нација. Тоа е лично прашање на секој поединец. Проблемот меѓу двете земји не е до историјата, туку фалсификувањето на историските факти. Тука никој не тврди дали постоел или не Гоце Делчев. Дали имало ВМРО или немало. Проблемот е што некој сака да стане кум на умрени луѓе.“ - рече Нешков.

Решението на проблемите меѓу Скопје и Софија не зависат од изборите. Се споменува дата за избори во Софија во март, но се споменува и почетокот на мај. Политичарите треба да ги решаваат проблемите не дали ќе има избори, тие се луѓето кои треба да дадат перспектива на двете држави. Нешков рече дека дека е голема лага проблемите меѓу двете земји ќе се решат однадвор и по изборите. Проблемите треба да се решат сега, а темата Македонија е многу малку коментирана меѓу политичките мартии во Бугарија, потенцираше Нешков.

0 Коментари

Остави коментари