Нептун месецот мај го посветува на своите вработени–експерти за технологија!
Foto

Нептун месецот мај го посветува на своите вработени–експерти за технологија!

Нептун Македонија ДОО - најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, телевизори, смартфони, ИТ уреди, гејминг опрема и уреди за ладење и греење, присутна е 22 години на македонскиот пазар, со 25 продажни салони во 21 град во Македонија, и со 415 вработени.

По повод 1-ви Мај - Меѓународниот ден на трудот, Компанијата ќе го посвети целиот месец мај на своите вработени, кои со своето долгогодишно искуство, врвно познавање на бенефитите од производите, искрено и објективно советување на купувачите - стекнаа доверба кај истите на ниво на експерти за технологија.

Овој месец, промотивните производи се препорачани од нив – нашите и ваши ЕКСПЕРТИ! Експертите ви подготвија пет промоции за различни продуктни категории.

ИТ експертите ги селектираа најдобрите лаптопи и ИТ уреди за бизнис и гејминг, оние за комуникациска опрема понудија експертиза за купување на најновите и најдобри смарт телефони, додека аудио и видео експертите направија ретроспективна понуда на најпродаваните телевизори - со одлични happy цени.

Од експертите за бела техника, креирана е одлична понуда на најбараните апарати за домаќинство од најдобрите и најквалитетни брендови, со можност за плаќање до 60 рати со happy кредитот, а трендовските мали апарати за домаќинство и апарати за лична нега и убавина, ви ги понудија по супер цени.

„Нептун Македонија“ е дел од „Балфин“ една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот и е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, како што Green Coast Resort и Vala Mar Residences, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други. „Балфин“ лани заедно со Комерцијална банка АД Скопје го комплетираше купувањето на Тирана банк. Под капата на „Балфин“ се голем број претпријатија кои функционираат во различни сфери, а сместени се во седум држави и бројат речиси 6.000 вработени. Покрај во Албанија, каде што е централата и нашата земја, групацијата е присутна со различни типови на проекти, и во: Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.

0 Коментари

Остави коментари