Непобедливоста на МЗТ заврши во Црна Гора
Foto

Непобедливоста на МЗТ заврши во Црна Гора

„Штрковите“ одлично ја започнаа авантурата во регионалното кошаркарско натпреварување со четири победи на исто толку натпревари, но вечерва го доживеаја првиот пораз.

МЗТ Скопје загуби на гостувањето кај Сутјеска, избраниците на Кочов имаа многу падови во играта и на крајот резултатот на семафорот гласеше 85-70. Шампионот на Македонија беше сосема солиден во првата четвртина која ја доби со 18-20, но беше катастрофален во вторите десет минути и на стартот од третиот период.

Сутјеска најпрво со серија од 10-0 се одлепи на плус осум 32-24, а потоа имаше нова серија од 12-0 за високи +16 (49-33). Сино-белите не се предадоа, имаа неколку добри минути во финишот на третиот период и почетокот на последната четвртина и стигнаа до минус четири (60-56), но повторно влегоа во криза, снемаа енергија па Сутјеска брзо се одлепи и на крајот славеше со високи 15 поени предност. Хиндс со 22 поени беше најдобар поединец во редовите на МЗТ Скопје, а двоцифрен ефект имаше само уште Дамјан Стојановски со 13 поени.

0 Коментари

Остави коментари