Немири на северот на Косово
Foto

Немири на северот на Косово

Александар Вучиќ пртетседателот на Србија, изјави денеска, за време на разговорите со Срби од Косово, во Рашка, дека му рекол на специјалниот претставник на Европската унија за преговорите меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, да ја „зауздаат Приштина и ако тие не се во можност - тие ќе ги зауздат. 

„Ми рекоа - работиме на тоа“ . Но"Јас не сум како другите, и оваа Србија не е како порано. ќе го сочуваме мирот. Бараме од НАТО да ја заврши својата работа, исто така барам од народот на Албанија да не воведува ред со насилство, и ако се обидат повторно, мојот одговор ќе биде кристално јасен. Во таа борба  што мора да го заштитиме животот на децата, ви велам со сигурност, дека ние ќе ја добиеме таа борба “. 

По денешната акција на косовската полиција на четири локации во Косово, премиерот Албин Курти рече дека акцијата е во насока на спречување на нелегални активности, додавајќи дека нема да се толерираат криминалци и криминални групи.

„Денешната полициска акција заврши. Ги повикувам граѓаните во северната општина Митровица да не бидат жртви на некои медиуми во Србија кои го штитат криминалот, корупцијата и шверцот и сакаат да го политизираат и етнизираат.“ - Албин Курти – премиер на Косово.

Инаку денеска во Косовска Митровица се огласија сирените за опасност, во време на акција на единиците на косовската полиција, која соопшти дека станува збор за „спречување на нелегални активности“. Состојбата беше напната на мостот над Ибар во општина Звечан, каде што косовската полиција се обидуваше да помине кон центарот на градот, а граѓаните ги спречуваа.

Полицијата употребила солзавец за да ја растера толпата, а се  се слушнале и шок бомби. Според српските медиуми, десетина Срби се повредени, од кои еден потешко кој е пренесен на интензивна нега. Инаку шефот на европската дипломатија жозеф борел побара Насилните инциденти на северот на Косово веднаш да престанат.

0 Коментари

Остави коментари