Нема веќе двојни пасошки проверки кај Табановце - отворен првиот One stop shop
Foto

Нема веќе двојни пасошки проверки кај Табановце - отворен првиот One stop shop

Денеска во Белград со министерот за внатрешни работи на Република Србија Небојша Стефановиќ го потпишавме Договорот меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево.

Со овој договор значително се намалуваат процедурите и се забрзува протокот на возила, односно се намалува можноста за било каков застој. Ние како соседи негуваме одлични релации, упатени сме едни кон други, имаме мноштво заеднички интереси и не постои причина таа соработка да не ја развиваме и во иднина. Од аспект на соработката меѓу двете полиции, во оваа прилика можам да констатирам дека таа е на високо ниво, со јасни перспективи за нејзино динамизирање и практично оперативно работење во многу области, како во делот на граничното работење, соработка во делот на трговијата со луѓе и споделување на заеднички искуства, така и во делот на другите видови превентивно делување наспроти разните форми на прекуграничен и транснационален криминал, а во интерес на националната и регионална безбедност.

Му благодарам на мојот колега министерот Стефановиќ, како и на владата на Република Србија, за присуството на српските полициски службеници на наша територија, кои спроведуваа и продолжуваат да учествуваат во заедничките активности со нашите полициски службеници за зајакнат надзор и контрола на нашата јужна граница.

0 Коментари

Остави коментари